Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) – Одделение за односи со Националните олимписки комитети испрати Резиме за заеднички одржаниот состанок на 13 ноември 2019 година во Лозана до повеќе субјекти во нашата земја, како Даниел Димевски – специјален советник на премиерот за спорт, Ѓорги Тасев – специјален советник за млади и спорт, канцеларијата на премиерот на Владата на Република Северна Македонија, д-р Васил Тупурковски – претседател, д-р Сашо Поповски – генерален секретар, Владимир Богоевски – спортски директор за Ситуација со Олимпиското движење во Македонија, потпишано од Жером Поиви – директор за Институционални односи и управување, Одделение за односи со Националните олимписки комитети.
Поиви го оценува состанокот за екстремно позитивен и плоден одржан на 13 ноември 2019 година во седиштето на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) во Лозана.
„Патоказот, предложен од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), во писмото од 27 септември 2019 година (во прилог за повикување), беше целосно потврден од сите страни, учесници на оваа средба. Беше договорено дека четирите чекори од патоказот ќе бидат имплементирани според наведениот редослед…“, пишува Поиви и потоа ги наведува четирите чекори што треба сите да ги направат.
Ова се насоките од состанокот во Лозана кои треба по итна постапка да се спроведат:
„Нацрт-изработка на ново спортско законодавство кое што ќе биде целосно во согласност со принципите и правилата кои го регулираат Олимпиското движење: Тековното спортско законодавство треба значително да се поедностави и новиот закон во суштина треба да се фокусира на:
(1) основните принципи кои ја регулираат организацијата на спортот во земјата ; (2) улогата и одговорностите на владините тела и разните спортски организации, во согласност со основните стандарди на соодветните меѓународни спортски организации; и (3) интеракцијата меѓу главните засегнати страни. Целта ќе биде да се обезбеди хармонична и ефикасна соработка помеѓу сите заинтересирани страни, во интерес на спортот и спортистите, со целосно почитување на принципот на одговорна автономија на спортските организации и нивните прерогативи (исклучиво право). Во примената на принципот на одговорнa автономија на Олимпиското движење, беше договорено дека внатрешното управување и специфичните правила на спортските организации нема да бидат дел од спортското законодавство, туку тоа ќе биде дел од нивните статути, во согласност со основните барања на засегнатите Меѓународни спортски организации. За да се постигне ова, засегнатите владини органи ќе работат заедно со Националниот олимписки комитет и со претставниците на националните федерации (во консултација со ИОК, ако е тоа потребно во оваа фаза) и ќе го испрати прелиминарниот нацрт до Меѓународниот олимписки комитет, најкасно до 15 Јануари 2020 година. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе го разгледа овој прелиминарен нацрт за да потврди дека е целосно усогласен со принципите и правилата кои го регулираат Олимпиското движење. Конечниот нацрт треба да биде готов најдоцна до крајот на првата недела на Февруари 2020 година, така што ќе може да започне постапката иницирана од страна на засегнатите надлежни авторитети и законот да биде усвоен од страна на Собранието на Република Северна Македонија што е можно поскоро, најдоцна во Мај 2020 година.
• Донесување и потпишување на Меморандум за разбирање (MoU) помеѓу Националниот олимписки комитет/националните спортски федерации од една страна и засегнатите владини органи, врз основа на “референтниот документ” доставен од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК):
Конечниот нацрт-текст предложен од страна на Нациналниот олимписки комитет е прегледан од страна на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), а владата, исто така, ја потврди својата согласност за потпишување. Врз основа на ова, нацрт-текстот сега е финализиран и е подготвен да биде заеднички потпишан од страна на Нациналниот олимписки комитет, Националните спортски федерации и одговорните Владини органи. Меморандумот ќе биде потпишан во најкраток можен рок и не покасно од Декември 2019 година.
• Ревизија на Статутот на Националните спортски федерации во тесна координација со нивните Меѓународни спортски федерации (МСФ), за да се обезбеди целосна усогласеност со Статутот на нивните МФС и принципите на Олимписките повелба: Националните спортски федерации треба да започнат да работат заедно со нивните соодветни Меѓународни спортски федерации (со помош на Националниот олимписки комитет и владините надлежни органи, доколку е потребно) за да се обезбеди целосна усогласеност на нивниот Статут со Статутот на нивните Меѓународни спортски федерации. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе ги контактира и соодветно ќе ги информира засегнатите Меѓународни спортски федерации за да обезбеди активирање на целиот процес и истиот да заврши што е можно побрзо, најкасно до април 2020 година. • Ажурирање на Статутот на Националниот олимписки комитет во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК): Националниот олимписки комитет работи заедно со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да го прегледа и да го ажурира својата Статут. Овој процес ќе биде завршен во два чекори, како што следува:
Прв чекор: Националниот олимписки комитет ќе продолжи со најитните измени (имено: (1) промена на името на Националниот олимписки комитет, по промената на името на земјата, и (2) гласачкото мнозинство за Олимписките спортски федерации во рамките на Собранието и Извршниот одбор на Националниот олимписки комитет, во согласност со олимписки повелба) на следното наредно редовно собрание, што се очекува да се одржи на 21 декември 2019 година.
Втор чекор: остатокот од процесот на ревизија ќе биде завршен во најкраток можен рок по првиот чекор, најкасно до април 2020 година. – На крај, Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) е информиран дека, за жал, таканареченото „вонредно собрание„ на Националниот олимписки комитет е свикано од одреден број на членови, надвор од надлежностите на Националниот олимписки комитет и со прекршување на важечкиот Статут на Националниот олимписки комитет и Олимписката повелба. Јасно е констатирано дека Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) нема да признае какво и да е паралелно „Собрание“ и очекува сите членови на Националниот олимписки комитет едноставно да присуствуват на регуларното редовно Собрание, кое што ќе биде свикано од страна на Националниот олимписки комитет, а во согласност со Статутот на Националниот олимиски комитет и Олимписката повелба и на кое прашањата кои беа поставени, ќе бидат проследени и решени. Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ќе го потврди овој став, кој беше целосно разбран од страна на Владините претставници, со писмо до Националниот олимписки комитет.
Ние со нетрпение очекуваме да работиме заедно со цел успешно да се спроведе овој патоказ и да се разреши оваа ситуација во рамките на договорените рокови, така што секој ќе може целосно да се фокусира на подготовките за Олимписките игри во Токио 2020 година, во единствениот интерес на спортот и спортистите. Ви благодариме за вашето разбирање и соработка и остануваме целосно на располагање за да ви помогнеме во секоја фаза од процесот“.