Викендов што доаѓа, на 22 јуни (сабота), по четврти пат ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2024“ во организација на Македонската традиционална теквон-до федерација и Теквондо клубот „Хва ранг ИТФ“ Лескоец-Охрид.
Учество имаат пријавено над 300 натпреварувачи од 31 клуб од 10 земји во регионов, како Молдавија, Романија, Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Грција, Бугарија, Албанија и Македонија.
„Охрид опен“ е ставен на рејтинг листата на ИТФ, каде што се собираат критериуми за европски и светски првенства.
„Во Охрид љубителите на спортот ќе може да гледаат неколку европски и светски шампиони, како непобедливиот Кирил Илиев од Фалкон – Благоевград, кој е 6-кратен Европски првак и актуелен светски првак, како во теквондо ИТФ, така и во кик бокс. Турнирот ќе започне во 9:00 часот, а натпреварувачите ќе натпреваруваат во две дисциплини форми и борби. Влезот е бесплатен за сите љубители на нашиот спорт, нека победат најдобрите“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ.
Генерален спонзор е „ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за издигнувањето на овој спорт во Македонија и за сите успеси.
Овај натпревар ќе биде под покровителство на Општина Охрид и Агенцијата за млади и спорт.