Освојувачите на златниот и бронзениот медал на Балканското првенство за деца во Белград, женскиот ката тим од 13-14 години и машкиот од 11-13 на Македонија, кои се од редовите на КК Урбан инвест од Кавадрци, денес имаа прием кај спонзорот на клубот, при што добија пригодни подароци.
Женскиот ката тим во Владанка Аврамова, Ивона Муфтарова и Миа Маневска во финалето на Балканското првенство го совладаа репрезентативниот тим на Босна и Херцеговина со 3-2, додека машкиот ката тим составен од Петар Аврамов, Никита Николоски и Лазар Стоев го освоија бронзениот медал победувајќи ја репрезентацијата на Турција со 3-2.
Владанка, Ивона и Миа во првото коло ја победија репрезентацијата на Србија со 5-0, во второто Црна Гора со 4-1 и во финалниот меч славеа над Босна со 3-2. Оваа беше четврт медал од Балканските натпреварувања на ката тимот: 2013 година- златен медал, 2014 и 2015 бронзен медал и 2016 година златен медал.
Македонија вкупно освои 17 медали – 5 златни, 4 сребрени и 8 бронзени.
На натпреварот учество земаа 831 натпреварувач од 11 држави: Македонија, Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Словенија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, Романија и Косово.
Ipon.mk/В. Д.