Кубанците ги „згазија“ Бритиш Лајонхартс и ја освоија ВСБ/WSB лигата

169

Cuba-Domadores-FOTO-WSB

Куба Домадорес во саботата со убедлива победа ја освоија ВСБ/WSB лигата (Светската лига за екипи). Во финалето на шестата сезона дури со 9-1 ги победија Бритиш лајонхартс.

И покрај улогата на голем фаворит, Кубанците со неверојатни перформанси ги импресионира сите присутни. Единствениот пораз во нивната екипа го претрпе Меиниер Перо Јустиц и тоа во последната средба кога британскиот супертешкаш Фрејзер Кларк и ја донесе почесната победа Лајонхартсите.

Така, кубанската екипа ја затвори доминантна сезона, која во текот на Лигата загубија само четири поединечни борби, од кои три доживеаја уште кога се натпреваруваа во фазата по групи.

Тимот на Куба Домадореса со овој триумф ја освои втората шампионска титула во трите сезони во кои се натпреваруваат во WSB. Во сите три наврати беа финалисти, а минатата година на патот до титулата беа сопрени од боксерите на казахстанската Астана Арланс, за која настапуваа Хрватските Филип Хрговиќ и Хрвоје Сеп.

Резултати:

Johanys Argilagos (Cub) – Galal Yafai (GB), 48:47/49:46/49:46

Robeisy Ramirez (Cub) – Peter McGrail (GB), KO treta runda

Yasniel Toledo (Cub) – Dalton Smith (GB), 49:46/49:46/49:46

Arlen Lopez (Cub) – Troy Williamson (GB), KO treta runda

Erislandy Savon (Cub) – Lawrence Okolie (GB), KO prva runda

Yosvany Veitia (Cub) – Muhammad Ali (GB), 48:47/49:46/47:48

Lazaro Alvarez (Cub) – Luke McCormack (GB), 50:45/50:45/50:45

Roniel Iglesias (Cub) – Ekow Essuman (GB), KO vtora runda

Julio Cesar La Cruz (Cub) – Thomas Whittaker (GB), 50:41/50:41/50:41

Frazer Clarke (GB)  Leinier Pero (Cub), KO četvrta runda