Мечот за титулата меѓу Конор Мек Грегор и Рафаел дош Ањош официјално е потврден

Konor se udira vo gradi

Официјално е потврден мечот меѓу Конор Мек Грегор и Рафаел дош Ањош. Веста официјално е потврдена од самиот „The Notorious“!

Конор и Дош Ањош ќе се сретнат за време на УФЦ 197 во борбата на ѕвездите.

Во изминатите денови имаше разно-разни информации за тоа дали овој дуел, всушност, ќе се одржи. Во некои медиуми излезе информација дека Мек Грегор се уште го договара износот на надоместокот.

Еве што беше објавено на официјалната страница на Мек Грегор на една од социјалните мрежи:

Официјално соопштение за претстојните борби:

Конор Мек Грегор – Рафаел дош Ањош за титулата на УФЦ во лесна категорија

5 март

МГМ Гранд, Лас Вегас.

ВО ЖИВО на ППВ.

Г-дин Мек Грегор би сакал да им се заблагодари на фановите и медиумите за нивното трпение.

Тој избра овој меч да  го посвети на сите верни и лојални луѓе од Бразил и на сите фанови во целиот свет, кои остануваат верни на своите корени и лојални на својата татковина.

Според Г-дин Мек Грегор, Рафел дош Ањош ги предал народот и татковината и затоа г-дин Мек Грегор ветува дека ќе го „обезглави“ овој Американ Гринго „Рафаел дош Ањош, во името на Бразил“!

Да живее Бразил!

Сето ова ќе се случи во Лас Вегас на 5 март !!!

Кралот се враќа!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО