Мечот за светската титула Вајлдер-Поветкин ќе се одржи во мај или во јуни

deontay-wilder-ev

Како што соопшти претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурицио Салемен, тимовите на Американецот Дионтеј Вајлдер и на Русинот Александар Поветкин треба да се договорат за мечот во рок од еден месец.

„Следната средба на Вајлдер 100 отсто ќе се одржи против задолжителниот предизвикувач Поветкин. Сега тече процесот на преговори, за кој двете страни имаат рок од 30 дена. Јас мислам дека борбата ќе се одржи во мај или јуни“, рече претседателот на авторитетната федерација за професионален бокс ВБЦ, Маурицио Салемен .

Во саботата на гала вечерта во Њујорк, светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер, го нокаутира Полјакот Артур Шпилка во 9-тата рунда и ја одбрани титулата светски шампион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО