Мечот Усик – Гасиев одложен за налето

Големото дерби во полутешка категорија за апсолутната светска титула меѓу Александар Усик (Украина) и Мурат Гасиев (Русија) е одложено за налето.

Дуелот е финале на Светската боксерска супер серија за трофејот „Мухамед Али“. Првично, средбата беше закажана за 11 мај во Саудиска Арабија. Во моментов се работиме на опцијата борбата да се одржи во Русија.

Сè уште нема конечен датум за другиот финален меч меѓу Џорџ Гроувс и Калум Смит. Тие ќе се борат за титулата во суперсредна категорија. Гроувс се уште се опоравува од изместеното рамо во полуфиналето против Крис Јубенк Јуниор. Смит исто така ја повреди раката во борбата со Ники Холцкен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON