Мечот меѓу Мек Грегор и Мејведер со рекордна гледаност

Во врска со платеното гледање, кое до неодамна се сметаше за недоволно, за да се соборат рекордот, Дана Вајт вели:

„На крајот на краиштата, платените гледања достигнаа до 6.700.000 купувачи во светот, соборувајќи ги рекордите во Австралија, Велика Британија, Шпанија, Канада и САД“.

Освен тоа, статистиката покажува дека средбата собори уште еден рекорд – најпиратски гледан меч, за што Дана Вајт, се разбира, не е многу среќен.

Мек Грегор успеа да заработи околу 100 милиони долари, а Мејведер инкасира околу 300 милиони долари.

Се очекува Ирецот да се врати во октагонот на крајот на годината и да ја брани титулата во лесна категорија против Тони Фергусон на УФЦ 219 на 30 декември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО