Мечот меѓу Генади Головкин и Рјота Мурата одложен поради новата варијанта на коронавирусот

Јапонија воведе нови епидемиолошки мерки поради појавата на нова варијанта на коронавирусот, омикрон, па боксерскиот меч меѓу Генади Головкин и Рјота Мурата што требаше да се одржи на 29 декември во „Земјата на изгрејсонцето“ е одложен.

Казахстанецот ја објави веста преку социјалните мрежи, жал му е што борбата е одложена, но нагласи дека безбедноста на луѓето е најважна. Тоа требаше да биде негов единствен меч оваа година, но шансата пропадна.

Професионалната кариера на Головкин трае од 2006 година, а четири години подоцна ја освои првата светска титула.

Тој е еден од најуспешните шампиони во историјата на средна категорија.

Последниот меч го имаше минатиот декември кога со прекин во седмата рунда го совлада Полјакот Камил Шеремез.

Мурата последниот меч го имаше пред две години кога со прекин во петата рунда го совлада Канаѓанецот Стивен Батлер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО