Мечот за кој неодамна се зборуваше и официјално е договорен, Тајсон Фјури и Френсис Нгану ќе се соочат на 28 октомври на настан во Саудиска Арабија.
Тоа ќе биде прв боксерски меч во кариерата за поранешниот шампион на УФЦ во тешка категорија.
Нгану е меѓу најдобрите ММА тешкаши во светот и секако еден од најмоќните удирачи во историјата на ММА.
Сега сонот му се оствари и наскоро ќе учествува во боксерски меч против шампионот на ВБЦ во тешка категорија.
Често се зборуваше дека Фјури и Нгану ќе боксираат на егзибициски меч без нокаут, но еден од најупатените боречки спортски новинари Ариел Хелвани во објава на социјалните мрежи откри дека е договорена вистинска борба.
„Мечот меѓу Тајсон Фјури и Френсис Нгану ќе биде борба според правилата на професионалниот бокс, со тројца судии на рингот според системот од 10 поени. Двајцата борци ветија војна во рингот, а најавија дека ќе се обидат да победат со нокаут. Во официјалното соопштение пишува, се наведува и дека борбата ќе се одржи во стандарден боксерски ринг според сите боксерски правила“, напиша Ариел Хелвани.
Засега не е познато во колку рунди е договорен мечот.
Tyson Fury vs. Francis Ngannou will take place “under the official rules of professional boxing, with 3 judges ringside adopting the 10-point must system. Both fighters however are promising to meet in the middle of the ring, go to war and win by knockout in devastating fashion,”… pic.twitter.com/VJkIiZJvZb
— Ariel Helwani (@arielhelwani) July 11, 2023