Мечот кој ja испиша историјата! (ВИДЕО)

rumble-in-the-jungle

На денешен ден пред 41 година според многумина е одржан најголемиот боксерски меч во историјата.

Мечот се одржа пред точно 41 година, во 1974 година, а дотогаш непоразениот Форман беше предизвикан од Али, кој победи со нокаут кон крајот на осмата рунда, со што си го врати шампионскиот појас пред 60 илјади гледачи.

Многу вљубеници на благородната вештина кај нас се уште ја паметат таа непроспиена ноќ. Тоа всушност беше и промоција на големиот боксерски менаџер Дон Кинг. Тој потпиша договор со двајцата боксери да се борат ако обезбеди фонд од 5 милиони долари, пари што во тој момент ги немаше, но ги најде кај заирскиот диктатор Мобуту Сесе Секо, кому му требаше глобална промоција.

На Али му требаше не само враќање на титулата, туку и на повреденото его по казната во 1967 година поради неговиот став кон војната во Виетнам и одземањето на боксерската лиценца. Касиус Клеј потоа го презема исламот како религија и се прекрсти во Мухамед Али.

rumble-rope-a-dope

Милиони луѓе пред ТВ екраните, пред околу 60.000 илјади гледачи на стадионот во Киншаса, во главниот град на ДР Кондо (тогашен Заир).

Спектакл дефиниран како „Rumble in the Jungle“, во главна улога беа Мухамед Али и Џорџ Форман.

Погледнете го видеото од критичната осма рунда од мечот во Киншаса.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО