На хоризонтот веќе се геледа натпревар за 1 (една) милијарда долари! Ова не е холивудски филм, ова е реален бокс меч, кој, најверојатно, ќе стане најскапиот спортски меч во историјата.
Во рингот треба да се појават Мани Пакијао (Филипини) и Флојд Мејведер (САД), двајцата најпопуларни боксери во последните 20 години. Големи шампиони, имиња што гарантираат гледаност во целиот свет.
Една од бариерите, кои паднаа за сонот да стане реалност, е дозволата за прво платено емитување на бокс во Кина, што ќе влезе во аналите на овој спорт. Се очекува, нешто повеќе од половина од приходите да дојдат токму од него , од пакетот „pay per view“ во најнаселената земја. Таков натпревар ќе се продава за 5 долари.
Само од емитувањето во Кинa може да се очекуваат над 300 милиони долари. Најверојатно, средбата ќе биде во Макао, поради исклучителниот интерес, кој што ќе го има во Азија. Втората опција е класиката за големи боксеррски спектакли – Лас Вегас, каде што Мејведер е дома. Се планира организацијата на мечот биде до есента 2015 година, за да може средбата да се реализира до крајот на годината.
http://youtu.be/KU_gOL2xgCM