АктуелноЕвропски првенстваКик бокс
Кикбоксерите се збогуваа со Европското првенство
Македонските кикбоксери се збогуваа со Европското првенство во Марибор откако денеска загубија сите тројца репрезентативци.
Серијата на порази ја почна Милан Кубин во категоријата до 89 килограми во кик-лајт против Турчинот Абдулах Цем Акин, ја надополни Ненад Манојловски во категоријата до 69 килограми во мечот со Константин Јуриков од Русија. Последен настапи Димитар Георгиев (-79 кг) и загуби од домашниот кикбоксер Јани Лорбер.
Денешниот резултат е разочарување за сите, бидејќи се очекуваше и од ова Европско првенство нашите натпреварувачи да се вратат со медал.
ipon.mk/В.Д.




