„Меч на шампионите“: Резултати и наградени (ФОТО)

mec-na-sampionite-nagradeni-2016

Гоце Јанески од БК Аперкат е прогласен за најдобар боксер на „Мечот на шампионите“ во Скопје, Дарио Стојанов од Баргала за најперспективен, Самоил Костадиновски од Кисела Вода и Пандил Пандиловски за најборбен пар, најмлад учесник е Петар Арсовски –Аперкат, натехничар Умер Јонузи – Шкупи, најдобар тренер Димитар Ташков – Пин Пантер и најдобар судија Ристо Огнанов.

goce-prima-nagrada-mec-na-sampionite-2016

На „Мечот на шампионите“ учествуваа 28 боксери од 9 клуба.

skupi-na-mec-na-sampionite-2016

Во единствената сениорска борба во категоријата до 75 килограми Гоце Јанески – Аперкат го совлада Никола Арсов од БК Пинк Пантер со прекин на почетокот на третата рунда во

pink-panter-na-mec-na-sampionite-2016

Во првите две рунди видовме добар бокс меч, а Јанески ја водеше борбата. Клучната предност ја направи во втората рунда кога зададе повеќе прецизни удари, крошеа и аперкати,  Арсов се бранеше. Очигледна беше исцрпеноста на Никола и на почетокот на третата рунда ја предаде борбата.

Марко Стојановски од Универзалци и Енвер Мемедов од Баргала во категоријата до 57 кг тргнаа жестоко уште во првата рунда и си разменија многу удари, но оние на Стојановски беа посилни и попрецизни. Во втората рунда Марко ја искористи надмоќта и го нокаутираше противникот, кој снема сила и бавно се движеше.

Ристевски и Мифтари демонстрираа технички бокс, при што штипјанецот за нијанса беше попрецизен. Исто така Дарио Стојанов и Кире Јаневски прикажаа експлозивен бокс од самиот почеток на мечот, а во втората рунда Јаневски имаше една разорна серија, додека во третата зададе еден силен директ кој му ја потврди победата.

Омер Исени и Емир Ибраим прикажаа технички дотеран бокс со брзи акции и удари, при што нијанси го одлучија победникот, иако во таборот Тренипе имаше револт по ваквата одлука. Да победеше и Ибраим немаше да биде грешка. Сепак, оваа борба ја подигна публиката на нозе, која изненади со посетеноста на турнирот.

catleksi-na-mec-na-sampionite-2016

Мечот на шампионите протече во одлична атмосфера и организација на БК Аперкат и Оливер Станков во салата „Македонски херои“ во Скопје. Имаше убави борби, а и забележливо беше кај некои боксери дека се слаби со кондиција.

Турнирот за отворен го прогласи претседателот на Боксерската федерација на Македонија,  Игор Златков.

Сениори

-75 кг Гоце Јанески-Аперкат го победи Никола Арсов-Пинк Пантер (ТКО, Р3)

Сениори воведни борби

-75 кг Самоил Костадиновски-К. Вода загуби Пандил Пандиловски-Ј. Мијалков (судиска одлука)

-75 кг Филип Стефановски-К.Вода го победи Ице Трајковски-Ас (судиска одлука)

Јуниори

-69 кг Омер Исени-Шкупи го победи Емир Ибраим-Тернипе (со судиска одлука)

-60 кг Алексанадар Ристевски-Пинк Пантер го победи Јасин Мифтар-Аперкат (со судиска одлука)

-64 кг Дарио Стојанов-Баргала загуби Кире Јаневски-Аперкат (со судиска одлука)

-75 кг Хамза Имероски-Синди загуби Даниел Абаз-тернипе (медицинска забрана)

Кадети

-57 кг Марко Стојановски-Универзалци го победи Енвер Мемедов-Баргала (КО, Р2)

-66 кг Дардан Љута-Шкупи го победи Алпај Демиров-Баргала (со судиска одлука)

Деца – официјална

-72 кг Кристијан Арсов-Јордан Мијалков победи службено Беким Зекири – Шкендија

Деца

-30 кг Стојанче Корпишиев-Пинк Пантер – Петар Арсовски – Аперкат (нерешено)

-30 кг Дино Костоски-Ас – Самир Ќура – Синди (нерешено)

-76 кг Адријан Аземи-Шкупи – Михаело Мињанов-Пинк Пантер (нерешено)

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО