„Меч на шампионите“ на 3 октомври во Скопје

Mec na sampionite logo

Иако Боксерската федерација на Македонија е во криза, боксерските фанатици клубовите се организираат да го одржат натпреварувачкиот дух, па така на 3 октомври во Скопје се организира „Меч на шампионите“ од страна на БК Аперкат.

На турнирот ќе настапат неколку клубови од Македонија, како Аперкат, Ас, Пинк Пантер, Шкендија, Куманово и Нокаут.

„Ќе има 10 борби и неколку воведни. Натпреварите ќе бидат во три возрасни категории: деца (10-14 години), кадети (14-16) и малди јуниори (16-18). Турнирот го правиме по повод пет години од основањето на БК Аперкат, со тенденција да биде традиционален, но со сениори. За жал, немаше пријави во сениорска конкуренција, само нашиот клуб пријави, а тоа резултат на немањето боксерска лига и, воопшто, на бокс“, истакна тренерот на БК Аперкат Оливер Станков.

Попознати боксери што ќе настапат на „Мечот на шампионите“ се: Андреј Митров, Јасмин Мифтар, Љулзим Исмаили, Илија Младеновски и други.

Турнирот ќе се одржи во салата на БК Скопје во Автокоманда со почеток во 15 часот.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО