Маж доби 3 доживотни затворски казни за убиство на ММА борец

Има правосилна пресуда за случајот со убиството на ММА борец во Флорида пред неколку години.

Арон Раџман (25) беше убиен на 3 јули 2017 година. Според Вест палм бич њуз, куќата на Раџман била провалена од четири лица, по што ММА борецот бил застрелан и убиен за време на тепачката што следела.

Локалните органи за спроведување на законот на крајот уапсија тројца осомничени тинејџери. Покрај 18-годишните Роберто Ортиз и Џејс Свинтон, властите приведоа и 16-годишна Самр Черч. Сите тројца беа обвинети како полнолетни за убиство од прв степен.

Повикот од Черч беше една од последните телефонски интеракции на Раџман, иако мајката на Черч, Џуди, тврди дека на нејзината ќерка и се заканувале со пиштол да го повика ММА борецот за да види дали е дома.

По речиси 6 години, Роберто Ортиз е формално осуден за убиство од прв степен и две точки од обвинението за грабеж, сите со огнено оружје. 23-годишникот доби 3 последователни доживотни затворски казни.

Судот тврди дека Раџман продавал марихуана од неговиот дом во Западна Бока Ратон, а упадот во домот бил планиран со намера да ги земат парите и дрогата пронајдена таму.

И Черч и Свинтон се изјаснија за виновни за помагање и поттикнување на грабежот и добија 10 години затвор, плус 10 години условна казна. Адвокатот на Ортиз тврдеше дека и Черч и Свинтон ги смениле изјавите за да ја „минимизираат својата вина“ и дополнително да го инкриминираат Ортиз.

Раџман, наречен „The Matza Brawler“ заблежа аматерски скор 8-1 на регионалната сцена во Флорида од 2010-2014 година.

ММА борецот го имаше професионалното деби во април 2014 година, а последен пат се натпреваруваше во 2016 година, губејќи од Кристијан Ривас, со што го забележа професионален ММА скор 2-3.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON