Маутовски и А. Рустемовски ќе ги бранат боите на Македонија на ЕП во Пореч за млади сениори

Утре со пристигнувањето на репрезентациите и официјалните лица во Пореч, Хрватска, официјално започнува Европското првенство во бокс за помлади сениори и помлади сениорки, првото овогодинешно европско првенство на УБЦ по возрасни групи, кое ќе трае до 15 април.

Македонија на ЕП ќе натсапи со двајца боксери, Бајрам Маутовски и Аријан Рустемовски.

На Европското првенство во Пореч се пријавени 253 помлади сениори и 123 помлади сениорки (вкупно 376 млади боксери и боксерки родени 2006 и 2007 година) од 35 земји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON