Матеј Трајковски од Вардар 1961 во репрезентацијата на Македонија за ЕП во У-15

Вардар 1961 е мал клуб на борачката сцена во Македонија, но може да биде горд бидејќи во младите категории продуцира репрезентативци, па така Матеј Трајковски ќе биде дел од нашата селекција на Европското првенство во Каорле, Италија, од 25 до 28 јуни за У-15.
Во Вардар 1961 се надеваат на одличен настап на Трајковски бидејќи е во одлична форма, а тоа го покажал на турнирот во Грција пред околу еден месец, каде што се закити со бронзен медал.

„Тој се подготвуваше со македонската ремпрезентација во Радовиш, а формата ја докомплетира во матичниот клуб. Му посакуваме многу успех на Матеј. Зошто да не не израдува и со некој медал“, велат од Вардар 1961, посакувајќи му многу среќа.

Ќе потсетиме дека Нина Славеска учествуваше на на неодамна завршеното ЕП во Скопје за У-17.



