Само Матеј Белистојаноски (-45 кг, У-14) во синоќешните и денешните натпревари на Карате 1 младинската лига во Умаг-Хрватска, имаше забележителен настап. Матеј во борбата за бронзениот медал е поразен од Јапонецот Харуки Ватанабе со 0-7.
И покрај поразот, Белистојаноски остави добар впечаток и во силна светска конкуренција го освои петото место.
Матеј забележа три победи и пораз, а во репасажот уште две.
Денешниот ден ќе остане забележан и по тоа што нашиот јуниор Роберто Здравковски (-76 кг) ја загуби борбата пред да почне да се бори со Украинецот Данил Хрихоренко. Судијата му забележал дека штитникот за гради не е во ред и треба да го замени, а за тоа му дал време една минута. Се растрчале тренери, другари да најдат замена и ја нашле, ама судијата констатирал дека доцнат 5 секунди и така ја загубил борбата со одлука на судијата, односно го дисквалификувал.
Истиот штитник за гради го носел на повеќе натпревари и никогаш немало проблеми, а згора на тоа бил со ознаки на ВКФ. Уште по иритирачки е фактот што Мартин Стојменов со истиот штитник ја освои бронзата на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21.
Да потсетиме дека Недим Шакири (-40 кг, У-14) освои сребрен медал во Карате 1 лигата за млади, а Александар Неделковски беше пети во кати за јуниори. Анегла Мојосвска и Вероника Костовска златни на ВКФ Купот за У-12 и У-21.
Овие турнири беа критериумски за влез во репрезентацијата за СП во Чиле во октомври.
Резултати
Матеј Белистојаноски – Нарвик Штамер (Германија) 0-0
Матеј Белистојаноски – Рустам Ахмедов (Русија) 1-0
Матеј Белистојаноски – Рај Разафамихери (Франција) 4-0
Матеј Белистојаноски – Лука Пејиќ (Босна и Херцеговина) 0-5
Репасаж
Матеј Белистојаноски – Џузепе Скала (Италија) 1-1
Матеј Белистојаноски – Лиам Верас (Англија) 1-0
За бронза
Матеј Белистојаноски – Харуки Ватанабе (Јапонија) 0-7