Матеа Јелиќ освои златен медал за Хрватска во Токио

Хрватска се запиша во листата на освојувачи на медали на Олимписките игри во Токио благодарение на таеквондистите.

Првиот медал за Хрватска во Токио го обезбеди Матеа Јелиќ во категоријата до 67 килограми. Јелиќ се искачи на највисокото место на победничкиот пиедестал по победата од 25:22 во возбудливото финале против Британката Лорен Вилијамс.

Претходно 23-годишната таеквондистка од Хрватска ги победи Лорен Ли од Хаити (22:2), Милене Титонели од Бразил (30:9) и Американката Пеџ Мекфирсон која ја победи во полуфиналето и тоа со 15:4.

Во машка категорија до 80 килограми, Тони Канает го освои бронзениот медал. Хрватот во борбата за бронзениот медал го победи Никита Рафалович од Казахстан. Златниот медал во оваа категорија го освои Русинот Максим Храмцов по победата над Салех Елшарабати од Јордан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON