Кори Сандхаген: Ќе станам шампион во 2022 година

Кори Сандхаген верува дека е на една победа од шансата да ја освои титулата во петел категорија. Тој се претстави многу добро минатиот викенд во Лас Вегас, но сепак загуби со поделена одлука од Т.J. Дилшоу. Кори направи голема штета и успеа да го разниша Дилашоу, но не го заврши.

Сепак, Сандхаген остави многу добар впечаток и за Меган Оливи рече дека Шон Шелби му ветил битка за титулата ако победи. Кори по поразот излезе со соопштение и рече дека сепак ќе ја освои титулата во 2022 година.

„Добра работа од ТЈ Дилшоу. Направив неколку грешки и тој победи заради нив. Сепак, ќе бидам шампион во 2022 година. Моето срце секогаш е силно. Авантурата продолжува“, напиша на Инстаграм Кори.

Поразот од Дилшоу ја запре серијата од две последователни нокаут победи на Сандхаген. Со овој пораз Кори има учинок од 7-2 во УФЦ и загуби само од Алџмејн Стерлинг и ТJ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО