Хорхе Маслидал (34-13, 11-6 УФЦ) е сопственик на најбрзиот рекорд во историјата на УФЦ.
„Гејмберд“ на УФЦ 239 во Лас Вегас за само 5 секунди, со летечко колено го нокаутира поранешниот шампион на Белатор и ОНЕ, Бен Аскарен (19-1-1НЦ, 1-1 УФЦ) нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата.
Тренерот на Масвидал, Мајк Браун од Америкен топ тим откри дека неговото летечко колено на почетокот на мечот било дел од планот, а не случајност.
На Инстаграм објави снимка од подготовките за борбата со Аскрен, на која Масвидал прави идентичен потег со кој го нокаутира претходно непоразениот „Фанки“.