Поранешниот предизвикувач на УФЦ во полусредна категорија, Хорхе Масвидал планира да се врати во октагонот оваа есен, изјави спортскио колумнист Ариел Хелвани, повикувајќи се на менаџерот на борецот.
„Зборував со менаџерот на Хорхе Масвидал, Абрахам Кава, за тоа што ќе се случи понатаму за Масвидал. Тој рече дека се очекува да се врати во октомври-ноември против Ник Дијаз или Колби Ковингтон“, напиша репортерот.
Колби Ковингтон наесен го очекува реваншот со актуелниот шампион во дивизијата Камару Усман, а враќањето на Ник Дијаз во октагонот сè уште е во прашање.
Во исто време, тимот на Масвидал не го именуваше Леон Едвардс, кој и покрај победата во битката против Нејт Дијаз, беше принуден да застане и да чека додека Усман и Ковингтон ги ставаат работите во ред.
Хорхе Масвидал претрпе два последователни порази, минатиот јули загуби од Камар Усман со едногласна одлука во пет рунди, а во април годинава е поразен од актуелниот шампион со нокаут во втората рунда.