Поранешниот предизвикувач на УФЦ во полусредна категорија, Хорхе Масвидал, на својот Фејсбук објави колаж од фотографии со Мирко Кро Кaп и Федор Емелијаненко, кој стана вирални пред неколку години.
На нив можете да видите како боречките легенди на различни начини го поднесуваат студот во ледените бањи.
Ваквите бањи се еден од најефикасните начини за брзо и квалитетно закрепнување од тренингот.
И додека Федор ужива во ладно капење, Мирко покажа колку е зимурлив.
Во објавата се користени слики од екранот од видеото снимено од Стипе Дрвиш.