Масвидал ги потврди преговорите со Дијаз: Две кучиња затворени во кафез

По победата над Ентони Петис во повртаничкиот меч, Нејт Дијаз го предизвика Хорхе Масвидал.

34-годишниот „Гејмбред“ (34-13, 11-6 УФЦ) е на врвот на кариерата и го прифати предизвикот.

Откако во 2017 година доживеа два порази, од Демијан Маја со поделена одлука и од Стивен Томпсон со едногласна одлука, Масвидал ја пропушти 2018 година и се врати во октагонот во март во Лондон и го нокаутира Дарен Тил.

Новиот спектакуларен триумф се случи на почетокот на јули кога за 5 секунди го нокаутира претходно непоразениот поранешен шампион на Белатор и на ОНЕ, Бен Аскрен, забележувајќи го најбрзиот нокаут во историјата на УФЦ.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=18&v=eOCnxd-46q4

Масвидал преку својот Јутјуб канал порача дека преговорите со Дијаз (20-11, 15-9 УФЦ) се во тек.

„Јас сум од Мајами, од округот Даде. Јас сум валкан силеџија од југ, не сум гангстер од Западниот брег. И јас сум подготвен. Подготвен сум да ризикувам се и данокот од 7 проценти во Калифорнија“.

Дијаз е од Стоктон, Калифорнија и Петис победи во Анхајм кој се наоѓа во истата американска држава. „Гејмбред“ попрво би се борел таму отколку во Њујорк каде што во ноември 2017 година го доживеа последниот пораз во дуелот со Стивен Томпсон.

„Њујоршката комисија е малку сурова. Не треба да се однесуваат спрема мене, јас сум професионалец, врвен спортист“.

„Затоа пријатели од Мајами не се лутете ако борбата не биде тука. Ќе го направам она што што е најдобро за мене. Сега преговараме заа да им ја дадеме на навивачите борбата што сакаат да ја видат. Две затворени кучиња во кафез ја напаѓаат вратната вена“.

„Знаете дека може даме ударат со бејзбол палка и нема ништо да ми биде. Истото важи и за мојот ривал. Можеш да го погодиш со ебената палка во колената и тој ќе продолжи понатаму“.

И пред доаѓањето во УФЦ во 2013 година, Масвидал се бореше низ целиот свет. Победи во Русија, Јапонија и Костарика борејќи се за Бодог и Сенгоку Рајден. Во 2009 година тој три пати се бореше за Белатор, а во 2011 година беше поразен со едногласна одлука од Гилберт Мелендез во мечот за шампионската титула во лесна категорија на Страјкфорс.

https://youtu.be/5rxTZieeXQY

https://www.youtube.com/watch?time_continue=4&v=WBb1bA_grBA
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО