
Бокс-меч ескалираше во масовна тепачка во салата „Емир Хаџимујовиќ“ во Нови Пазар Како што објавија српските портали, тепачката избувнала веднаш по завршувањето на борбата, откако боксерот кој го победи Вахид Кицара од Нови Пазар почна да слави во рингот.
Тоа предизвика бурна реакција кај домаќините, човек во бела маичка скокна и го удри победникот за веднаш потоа сите од првите редови да влетаат во рингот. Следеше масовна тепачка, а како што може да се види од снимките, сè се случи за само неколку секунди. Редарите и организаторите не можеле да ја смират ситуацијата, па програмата била прекината.
Video snimak portala Sandžak Danas – Masovna tuča pic.twitter.com/58A8tTzVzk
— Sandzak Danas (@DanasSandz9154) December 28, 2025
Нема официјални информации за повредени или укажана медицинска помош. Полицијата интервенирала за да спречи натамошни инциденти.



