Неверојатни сцени во главниот град на Казахстан, Нур-Султан.
За време на ММА турнир во Нур-Султан, наводно еден тренер избодел друг тренер што предизвика масовна тепачка помеѓу двата тима. Во тепачката се вклучија и борците од двата тима, но и навивачите.
Според локалните медиуми, се започнало со вербалните навреди кои си ги упатувале двајцата тренери по што потоа и се степале покрај рингот, а еден од нив извадил нож и го прободел другиот тренер.
Во меѓувреме на социјалните мрежи се појави и видео од инцидентот на кое може да се примете нервозата помеѓу двата тима потоа размената на удари но и интервенцијата на полицијата која спречи далеку поголем инцидент.