Маскаев: Поветкин ќе го нокаутира Вајлдер (ВИДЕО)

povetkin

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Олег Маскаев, предвидува дека официјалниот кандидат за титулата на Светскиот боксерски совет, Александар Поветкин (Русија), ќе го нокаутира шампионот Дионтеј Вајлдер (САД). Русинот се наоѓа во одлична форма. Тој победи на впечатлив начин тројцата поранешни ривали, кои беа сериозни имиња.

„Мечот ќе биде интересен. Поветкин покажува топ форма. Последниот натпревар со Мајк Перес беше импресивен. Изгледаше добро и против Карлос Такам. Вајлдер има моќ, но слаба страна му е одбраната. Саша може да го искористи тоа, особено во првите рунди“.

Маскаев додаде дека порано или подоцна, Владимир Кличко и Александар Поветкин повторно ќе се сретнат. Првата средба заврши со убедлива победа на поени за Украинецот.

https://youtu.be/jhJIYe7WDMU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО