Кумите тимот го запоседна европскиот трон на Универзитетското карате првенство, 4 медали за Македонија (ФОТО)

Машкиот кумите тим „Свети Кирил и Методиј“ го освои златниот медал на Eвропското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, Хрватска, откако во финалето славеше против украинскиот тим – Државна академија за физичка култура Харкив 3-0.

Кумите тимот го одбрани златниот медал од минатата година во Лоѓ, Полска.

За Македонија, односно Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ настапија: Петар Заборски, Петар Спасеновски, Витомир Трајковски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Димитар Илиевски и Глигор Хаџи Кимов.

Македонските студенти освоија 4 медали – 2 златни и 2 бронзени.

Со златни медали се закитија Петар Заборски и машкиот кумите тим, додека бронзите се за Давид Петков и Петар Спасеновски.

Имаме и две петти места на Димитар Илиевски и Викторија Јовановска.

Македонија во вкупниот пласман е петта 4 (2-0-2). Прва е Турција со 8 медали (4-1-3), втора е Украина 15 (2-6-7), трета Хрватска 8 (2-1-5), а Црна Гора е четврта со 3 одличја (2-1-0).

Резултати:

Кумите тим мажи
Македонија – Украина 0-0
Македонија – Италија 0-0
Македонија – Украина (НУ „Јуриј Федикович Чернивци“) 3-2
Финале
Македонија – Украина (Државна академија за физичка култура Харкив) 3-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON