Мартин Стојменов петти пат е најдобар спортист, а каратето спорт број 1 во Кочани

Martin Stojmenov najdobar za 2016

Каратистот Мартин Стојменов стана рекордер во изборот за најуспешен спорист на Кочани, откако вечерва беше избран за најдобар спортист за 2016 година, како член на КК Партизан.

Martin i ratko sportsit za 2016

Стојменов го освои петото место на Европското пренство во Лимасол, Кипар, за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, а на сениорското Блаканско првенство во Истанбул, исто така беше петти.

Sportistite na Kocani za 2016

На втората позиција, според изборот на новинарите е Роберто Здравскоски од КК Партизан, кој на Балканијадата во Белград, беше второпласиран во својата конкуренција. На третата позција на најуспешните спортисти за 2016-та се најде гимнастичарката Јана Николова.

Roberto Zdravskovski vtor za 2016

Лазар Балдазаров доби посебно признание за придонес во развојот на фудбалско Кочани. Слично такво признание добива и Ѓорги Тодосиев во гимнастиката како спорт. Планинарите Тошо Антов, Борис Поп Ѓорѓиев и Лоранс Марков се личности што на највпечатлив начин ја одбележаа спортската 2016-та на Кочани.

Partizan nagradeni za 2016

Најуспешен спортски колектив во 2016-та е КК Партизан од Кочани, а тренерот од истиот клуб, Оливер Коцев, е најтренер во годината што измина.

Десет надежни спортисти на Кочани ќе добијат признанија, а меѓу нив најуспешен е каратистот Ѓорги Петров, потоа следат: Ѓорги Петров (КК Партизан), Антонио Јаноѓевиќ (КГС Кочани), Љубомир Давитков (КК Кочани), Кристијан Грозданов (КК Партизан), Ристе Симеонов (КГС Кочани), Дино Лазаров (Баскет Дино), Ивана Таушанова (КК Партизан), Грегори Давков (ФК Фудбал Старс), Мартина Шахинова (КК Партизан) и Ангел Митев (КК Партизан).

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО