Мартин Митиќ: Дербито со Филип Наковски беше добра, машка борба со срце! (ФОТО)

Мартин Митиќ од Гладијатор – Неготино беше еден од учесниците на двете дерби средби на второто Државно првенство во кик бокс во дисциплината лоу кик, односно -86 кг Филип Наковски – Мартин Матиќ. и -67 кг Хадис Рамадани – Петре Велков.

Митиќ и Наковски од Куманово 2006 прикажаа добра борба, а победата му припадна на Филип. Сепак, Мартин не е разочаран и верува во себе.

„За следното Државно првенство ќе се подготвам уште подоборо, бидејќи мечот со Филип Наковски ме мотивира за посериозни тренинзи. Дербито беше добро. Дефинитвно, тоа беше добра борба“, констатира Митиќ.

Мартин истакнува дека бил хендикипиран, со левата нога не можел да мава затоа што петата и коленото му биле повредени, а на десната нога зглобот.

„Инаку, дербито беше многу добро. Јака борба. Машка, со срце“, потенцира Митиќ.

Следен предизвик му е Државното првенство во мај, за кое вели дека максимално ќе се подготвува и ќе го даде максимумот.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON