Мартин Баколе: Тајсон Фјури во реваншот ќе го нокаутира Александар Усик

Конгоанскиот тешкаш Мартин Баколе викендов во Лос Анџелес боксира против Џаред Андерсон и се надева дека по победата против американската надеж конечно ќе добие шанса да се бори во голема борба.

Баколе не ја крие надежта дека ќе добие шанса да се бори за светската титула на некој од следните мечеви, а можеби и пресметка со подобриот од дуелот меѓу Александар Усик и Тајсон Фјури.

Со текот на годините тој спарираше со многу од најдобрите светски тешкаши, вклучувајќи ги Тајсон Фјури, Александар Усик, Ентони Џошуа и Даниел Дубоа. А најдобар впечаток остави Фјури.

„Единствената личност што ме импресионираше беше Тајсон Фјури. Тој е големо момче, многу се движи и многу е подвижен“, изјави Мартин Баколе за Скај спорт, додавајќи:

„А Усик не е таков. Спарирав со Усик во мал ринг и тоа беше многу заморно за него. Кога спарингувавме заедно, беше многу фокусиран на мене. Тешко му паднав, цело време беше под притисок. Со Фјури беше поинаку. Спариравме во голем ринг и беше опуштено. Тоа беше многу добар спаринг натпревар за гледање“.

Во средината на мај Фјури загуби од Усик во незаборавна борба за апсолутен светски шампион. Дуото во тешка категорија се договори за реванш, кој ќе се одржи во декември во Саудиска Арабија.

Баколе верува дека Фјури ќе го добие реваншот и тоа ќе го направи со нокаут!

„Бев изненаден кога Усик го победи Фјури, а особено настапот на Тајсон. Се поигруваше со Усик. Требаше да биде фокусиран како на реваншот против Дионтеј Вајлдер. Ако е толку ментално силен на реваншот, мислам дека ќе го победи Усик со нокаут како против Вајлдер. Мора да дојде фокусиран со огромна желба за победа“, рече Баколе и продолжи:

„Кога ги стави рацете зад грб, покажа дека воопшто не е фокусиран на борбата. А една рунда смени сè, доволна беше едно лево кроше. Мора да биде стопроцентно фокусиран на мечот, а не да игра. Уште од првиот звук на гонгот, Усик знаеше за што дојде на рингот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО