Марко Тодоров извојува победа против Израелецот Бадр Јабали на Светското кик бокс првенство за сениори во Џесоло Лидо, Италија, и за пласман во полуфиналето ќе се бори со Тијаго Сантос од Португалија.
За жал, Филип Ризов, Роберт Костовски и Стефан Михјаловски се поразени.
Па така, останува да ги чекаме борбите на Димита Ѓоргиев, Бобан Илиоски, Викторија Варадинова и Климент Гроздановски, како и Тодоров, за медал на СП.
На Светското првенство учетсвуваат 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.
Резултати – СП:
Лоу кик
-65 кг Викторија Варадинова – Валетина Кери (Србија)
-57 кг Филип Ризов – Ала Атарбек Гурбуџан (Турција) 0-3
-63,5 кг Роберт Костовски – Темирлан Бекмуразаев (РКТ) 0-3
-81 кг Димитар Ѓоргиев – лоу кик – Давид Дано (Италија)
Кик лајт
-84 кг Климент Грозданоски – Сами Јакоб (Германија)
+94 кг Стефан Михајловски – Јаспер Виндлер (Германија) 0-3
К-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Бадр Јабали (Израел) 2-1
-63,5 кг Марко Тодоров – Тијаго Сантос (Португалија)
-86 кг Бобан Илиоски – Адријан Бартл (Словачка)