Маркез: Поважна ми е борбата со Кото отколку парите за Пакијао

Huan manuel markez pakijao

Хуан Мануел Маркез (56-7-1, 40) изјави дека за неговото наследство поважна му е борбата со Кото отклоку големата парична понуда за да се бори со Пакијао.

Поранешниот светски шампион во четири тежински категиории рече дека пред договорот за следната борба треба да биде на 100 проценти во салата.

Сем Мигел Кото пред неколку дена откри дека по откажувањето на борбата со Џејмс Кирклен неговиот тим повторно стапил во преговори со Маркез. Беа во сериозни преговори и минатата година, но не успеаја да се договорат за тежината.

На 43-годишниот Мексиканец му се понудено големи пари за пета борба со Пакијао, но ја одбил понудата. Во последната нивна борба во 2012 година Маркез го нокаутира Филипинецот во шестата рунда.

https://youtu.be/debCr7kpE0c

„Динамитот“ во рингот не бил од мај 2014 година кога со судиска одлука го доби Мајк Алварадо. Кото не се бореше до ноември 2015 година и поразот од Канело.

„Ми беше понудена борбата со Пакијао за многу добри пари. Економскиот фактор е важен, но она што ме движи е она што ќе го оставам во наследство … Повеќе ме покренува голем противник во рингот отколку парите. Со Пакијао го затворивме поглавјето, но Кото е голем борец, има славно наследство, а, покрај тоа, мексиканско-порториканското ривалство отсекогаш било врв“, вели Маркез.

„Логично, понудата мора да биде добра. Парите се важни, но не толку … тоа ќе биде интересна борба. Би сакал да се одржи на неутрален терен, Њујорк е местото за него, јас би сакал Вегас, каде што може да дојдат и Мексиканци и Порториканци. Можеме да имаме голема борба, голем вовед во борбата, но прво морам да почнам да тренирам. Тоа мора да се случи оваа година. Веќе две години сум неактивен. Исто така, треба да почнам да тренирам и да видам како се чувствувам“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО