Холивудскиот актер и режисер Марк Волберг изјави дека сака да го вклучи Конор Мек Грегор (22-6) во негов филм. „Озлогласениот“ е најголемата ММА ѕвезда и сигурно филм со негово учество ќе привлече внимание.
„Морам да го добијам Конор Мек Грегор. Морам да се сликам со него.
Дефинитивно би му дал улога во добар филм“, изјави Волберг за ТМЗ.
Неодамна беше откриено дека Мек Грегор ќе глуми во римејк на акциониот филм Roadhouse од 1989 година. Во филмот ќе глуми Џејк Гиленхал, а ќе го режира Даг Лиман. Конор моментално тренира и се подготвува за големо враќање во УФЦ во 2023 година.
Тој е во серија порази во УФЦ и има само 1 победа од последните 4 борби во организацијата.