Марк Хант за УФЦ: Мајчина ви, курви, судете ме за ова!

Mark Hant so stav

Марк Хант уште еднаш не го поштеди УФЦ, откако настапи на мечот во кој Брок Леснар на УФЦ 200 земал допинг стимуланси.

Тогаш Хант претрпе пораз од „The Beast“, но подоцна се покажа дека Леснар не бил „чист“, давајќи два позитивни допинг примероци. Како резултат на тоа, Хант прво побара половина, а потоа и целиот хонорар што го доби Леснар, а дури почна да зборува и за создавање на Здружение на борците што ќе ги брани нивните права.

Во неодамнешно интервју Марк Хант повторно еруптираше против УФЦ, велејќи:

„Не сакам да бидам дел од оваа компанија, додека тие не сторат нешто по тоа прашање. Треба да се направи нешто во врска со скамед (scammed). Изгледа дека сите земаат. Еден е фатен, а потоа и друг, а тие не прават ништо околу тоа. Луѓето велат дека тоа им штети на бзинесот, и го разбирам тоа, но ако вие го крадете спортот, тогаш сите да земеме забранети супстанци. Ајде сите да мамиме, да си забодиме игли во задниците и да видиме кој ќе биде првиот кој ќе умре. Имам во предвид дека сето тоа е смешно. Требаше години да поминат за да се направи нешто во врска со оваа измама, која беше видлива кај велосипедистот Армстронг. Колку време ќе биде потребно за да се направи нешто и во овој спорт? Додека некој не умре? Нека се подигнат какви било обвиненија против овие скамерси“.

„Сакам да бидам дел од компанија која вели „не сакаме вие да лажете“. Инаку секој мајмун ќе може да го прави тоа. Како што реков, ако треба да ги судиме, тогаш, што ги ебам, нека ги судиме. Видливо ебани. Проблемот е во тоа што сите сакаат да станат дел од УФЦ. Мајчина им на УФЦ, вие не се грижите за ништо. Вие мајчини не се грижите за никого. Само велите „еве види, тепај се со овој скапаник тука. Ќе го оставиме ова бело ѓубре да си забие игла во газот, да ги измами сите и да земе долари во банката. Да му дадеме милиони долари и да не се грижиме за него. Знаете што? Да го ебам тоа и нејзината курвинска компанија. Можете да ме судите за тоа скапаници”.

Според информации во печатот, од УФЦ веќе се поврзале со Марк Хант, за да ги споделат грижите во врска со ова интервју на „Супер Самоанецот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON