Марк Хант до Брок Леснар: Ти си еден ебан лицемер

Mark Hant so mikrofon

Марк Хант не престанува да го изнесува својот гнев во медиумите, откако беше обелоденето дека противникот на УФЦ 200, Брок Леснар, го победил користејќи забранети стимуланси.

Хант на неколку пати вербално се нафрли против „The Beast“, дури и го побара целиот негов хонорар од средбата, што е еквивалентно на повеќе од 2 милиони долари, заканувајќи се дека ќе го напушти УФЦ.

За време на учество во The MMA Hour, Австралиецот повторно не штедеше никого.

„Тоа само ме тера да се смеам, бидејќи на тој начин ја заработил и светската титула. Тој си ја забил иглата во газот и ете како станал шампион. Луѓето често ми велат – „Марк, тоа не ти помага“. Па ако не ти помага, тогаш зошто го земаш? Да не се плашиш дека ќе загубиш? Го имам предвид тоа, и е смешно како еден измамник како него се свртува кон друг измамник, во случајот на Џон Џонс, велејќи дека тоа било непрофесионално. Што е ова по ѓаволите“?

„Тој е ебан лицемер, а тажно е што овие компании не прават ништо во врска со тоа. Јас зборувам разни работи, се обидувам да формираат и здружение. На крајот на краиштата, сите жртвуваме по нешто, а мојата кариера е при крај. Воопшто не ми е гајле дали ќе продолжам да работам за УФЦ, бидејќи не планираат да направат ништо по ова прашање. Ништо. Имам порака до сите деца кои го слушаат ова – вие го губите времето, обидувајќи се да станете дел од овие компании, бидејќи на нив не им е гајле за вас. Едноставно ќе ве турнат под автобусот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО