Марк Хант: Дана Вајт сака да ги заебе сите

Поранешниот борец во тешка категорија на УФЦ, Марк Хант, продолжува да ги критикува поранешните работодавци. 46-годишниот ветеран не беше задоволен од односот спреманего и платата што ја добиваше од најголемата ММА организација. Пред неколку години, Марк поднесе тужба против Дана Вајт и Брок Леснар, откако Леснар падна на допинг тестот за нивната борба. Марк го обвини УФЦ дека знаел за забранетите супстанци што ги земал Брок.

На крајот, Хант го изгуби случајот, но тоа само разгоре огнот. Хант пред неколку години раскина со организацијата со серија од три последователни порази, сепак зборува за слабите плати што ги земаат борците. Претходно овој месец, Хенри Сехудо се повлече од оваа причина и ова е нова шанса за Хант да го зајаде УФЦ.

„Токму тоа е она што ви го кажувам, го остеив тоа на мојот грб. Не успеав да ја освојам титулата, но ако ја освоев, тогаш ќе бев како Хенри Сехудо и другите. Ќе зборував дека сакам повеќе пари. Кога си ѕвезда и шампион, тогаш не треба да ги молиш за повеќе пари. Ако си шампион во боксот, дали ќе се молиш за повеќе пари? Не!

Веќе ви кажав дека не делат доволно од приходот и борците заземаат само мал дел, што не е во ред. Борците треба да земат повеќе, а не им ги даваат. Гледате дека Сехудо зборува за повеќе пари. Зошто е така Хенри? Дали има некоја грешка? Да, има, затоа што не го земаш она што ти припаѓа. Не го земаш она што треба да го земеш. Дана Вајт е будала, која сака да ги заебе сите“, рече Марк во интервју за оваа тема.

https://www.instagram.com/p/CAJClSuppm8/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО