Марк Цукерберг се подготвува да дебитира во ММА

Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг, помина неколку круга против еден од најдобрите граплери на планетата.

Шампионот на ОНЕ ФЦ Мики Мусумечи тренираше со милијардерот, а видео од тоа беше објавено на страницата на Цукерберг на Инстаграм. Неговата објава собра илјадници лајкови откако Цукерберг сподели дека тој и Мусумечи се подготвуваат да дебитираат во ММА.

„Одлични лекции од легендата Мики Мусумечи. Почнуваме да се подготвуваме за дебито во ММА”, напиша Марк Цукерберг.

Во последната година Марк Цукерберг сериозно се заинтересира за боречките спортови. Тој соработуваше со ѕвезди на УФЦ на проектите на Метаверс, па дури и освои злато на мал турнир во БЏЏ. Мусумечи беше очигледно задоволен од она што го виде и сподели дека Марк му направил совршен клуч на раката.

Останува да видиме кога и каде Цукерберг ќе реши да дебитира во ММА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО