Марјан Бенеш погребан со „Хеј Словени“ и југословенската тробојка

Легендарниот боксер Марјан Бенеш вчера е погребан во Бања Лука. Покрај комеморацијата во негова чест, најблиските му ги исполниле и последните желби.

Тие биле поврзани со емотивни моменти од неговиот живот, а покрај евергринот на Кичо Слабинац на комеморацијата, Бенеш бил погребан со југословенското знаме и со интонација на некогашната химна „Хеј Словени“.

Бенеш беше шампион на поранешна Југославија, но успеа да стигне и до титула на професионален шампион на Европа во 1979 година, совладувајќи го Жилбер Коен, а и да го добие мечот за професионален првак на светот против Елиш Обед, кој подоцна не беше признаен заради неправилности околу котизацијата.

Неговата боксерска кариера брои 299 мечеви од кои 272 со победа, 16 порази и 11 без одлука, но мораше да биде завршена предвреме поради тешка повреда од која го загуби едното око.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО