Мариуш Вах ќе му помага на Кличко пред мечот со Фјури (ВИДЕО)

vah klicko

Полскиот гитант, Мариуш Вах, ќе му помага на Владимир Кличко пред натпреварот за светските титули во тешка категорија против британскиот боксер Тајсон Фјури. Средбата ќе се одржи во октомври во Дизелдорф.

 Вах, кој е висок два метра, ќе се боксира на 26 септември во Лоѓ, а неколку дена подоцна ќе отпатува во кампот на Украинецот. Фјури, со своите 205 сантиметри, е еден од највисоките противници во кариерата на Кличко.

 Интересен е фактот дека единствениот пораз во кариерата на Вах е токму од Кличко. Полјакот беше убедливо поразен на поени, иако тогаш во примерокот му беа откриени траги од анаболни стероиди.

https://youtu.be/t26vWk7GluU

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON