„ГЛАСАМ ЗА“-АРЛИНД ХУСЕИНИ: Имаме потенцијал да застанеме на олимпискиот пиедестал!

Хусеини со ученикот Берат Јакупи
Хусеини со ученикот Берат Јакупи

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Акцијата ја продолжуваме со eден од најуспешните тренери на репрезентацијата до 21 година (У-21): со 4 европски титули, 2 медитерански титули, 1  европска и 1 светска универзитетска титула, 11 балкански титули (3 сребра i 8 бронзи), сениорска броонза, тренер на годината во КФМ, спортисти на годината неколку пати во КФМ, АРЛИНД ХУСЕИНИ:

„Нормално дека гласам за големо „ДА“, бидејќи со карате живеам точно 30 години, уште кога се запишав како карате-ученик. Потоа не треба да заборавиме дека овој спорт е еден од најмасовните спортови во светот. Залагањето да биде олимписки спорт е сериозно во Светска федерација (ВКФ). И, верувам во тоа дека дефинитивно каратето ќе биде член на големото семејство олимписки спортови. Морам да истакнам дека имаме потенцијал за да бидеме на пиедесталот“.

Maski do 21 godina Balkkasnski sampioni

Хусеиини со неговитe најдобри спортисти  има добиено три оскари од Агенцијата за млади и спорт (АМС), а на Светското првенство во У-21 во Шпанија неговиот најдобар спортист освои бронзен медал, истиот успех го повтори и на сениорското Светско првенство во Будимпешта, Унгарија.

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО