УФЦ со добри шанси да потпишат договор со Федор Емилијаненко!

fedor portret

Федор Емилијаненко во УФЦ е нешто за што сонуваат многу навивачи. Сега е на пат да се случи тоа.

Емилијаненко во моментов е најпосакуваниот борец и од M-1 и од Белатор и тие се натпреваруваат да го видат во своите редови. Проблемите што го држеа настрана од УФЦ, сепак, веќе ги нема.

Емилијаненко во моментов не е врзан со M-1, а Вадим Финкелштајн не е негов менаџер, туку,  само му е пријател.

„Дана многу зборуваше. Тој изнакажа многу работи за Федор, за мене тоа се лоши работи“, изјави Финкелштајн во последното интервју. „Но, Федор сфаќа дека тоа е само маркетинг. Тој не е во лоши односи со Дана и нема лошо мислење за него“.

Финкелштајн не смета дека зделката на УФЦ со Рибок е фактор кој може да го одврати од потпишувањето договор со американската организација.

„Не сум сигурен, но не сметам дека тоа ќе биде проблем за него. Во Рибок се заинтересирани за Федор, исто како и УФЦ.

Мислам дека УФЦ имаат големи шанси да го добојат потписот на Федор. Се зависи од тоа каква понуда ќе направат. Ако Дана Вајт престане малку да зборува, туку и направи нешто и му предложи добри услови на Федор, тогаш тие имаат шанси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО