Боксерите на Аперкат на Меѓународниот турнир „Љуба Врапче“ во Лазаревац, Србија, извојуваа по една победа и пораз. Марио Ефремов славеше со едногласна одлука.
На турнирот учествуваа боксери од Србија, Бугарија, Црна Гора, Унгарија и Македонија.
„Нашите натпреварувачи се претставија во добро светло, притоа Марио Ефремов беше надмоќен над својот противник и со едногласна одлука победи, додека малиот Јоаким Јовановски беше поразен од боксер од Србија, со кој избоксира три рунди. Претходниот ден имавме заеднички тренинг – спаринг со другите земји кои учествуваа на турнирот. Нашите млади натпреварувачи се покажаа во одлично светло“, велат од БК Аперкат.
Ipon.mk