Марио Ананиев освои бронзен медал на Европското првенство за У-15 во Лутраки, Грција.
Репрезентативецот на Македонија, инаку борач на Бучим, во борбата за бронзениот медал во категоријата до 57 килограми го совлада Валентин Господинов од Бугарија со 7-0. Марио извојува четири победи на ЕП, против Теноре од Италија 11-0, Сурваилов од Кипар 10-0, Далиба (Латвија), пораз од Ибрагимов (неутрален) и победа над Господинов.
Ова е успех за македонското борење и потврда дека во оваа генерација има талентирани момчиња и девојчиња кои со правилен тренажен процес, но и вложување, да бидат потпора на сениорската репрезентација.