По освојувањето на сестринското финале на Австралија oпен Сиднеј 2017 во У2-1( млади сениори) близначките Мишела и Маријана Димоски повторно ја освоија Австралија, но сега натпреварувајќи се меѓу себе во двојно финале на Националното (државно) првенство на Австралија Сиднеј 2017.
Сестрите Димоски освоија дупли круни, два златни и два сребрени медали на Националното првенство на Австралија победувајки ги до финалината сите конкурентки во сениорска и во У-21, најдобрите од автстралиските држави Тасманија, Квинсленд, Нов Јужен Велс, Западна Австралија, Викторија и Јужна Австралија.
Маријана стана сениорски шамион во конкуренција на 23 натпреварувачки, а Мишела Димоска е вицешампион.
Маријана во својата група до финале сите мечеви ги победи со 5-0 против Ела Мекдогал (Квинсленд), Бургер Грајсе (Нов Јужен Велс) и Кели Хонвиле (Викторија). Мишела Димоска беше подобра од Армур Александра (Квинсленд), Холс Боскот( Викторија) и Рафик Јасмин( Нов Јужен Велс), исто така со 5-0. Во финале победи Маријана.
Во категоријата на млади сениори У-21 во конкуренција на 12 натпреварувачки, повторно се сретнаа во финале но овој пат победи Мишела и стана шампион на Австралија за 2017-та во У-21, а Маријана е вице шампион.
Пред да настапат на Националното првенство на Австралија близначките ги освоија и двете финалиња на Западна Австралија во сениорки и јуниорки. Близначките се во постојан напредок, оваа 2017 освоија финале во У-21, Мишела е прва, а Маријана е втора на Австралија Опен, како и прво место Маријана и бронза на Мишела во сениорка конкуренција на Австралија опен во конкуренција на 36 натпреварувачки од Океанија. Двојна круна сениорки и У2-1 на Националното првенство на Австралија 2017, како и финале на Балканското првенство во Херцег Нови во У-21 каде прва беше Мишела, а Маријана втора.
„Треба да се напомене фактот дека на Австралија опен и Националното првенство на Австралија Маријана и Мишела извојуваа победи над континенталните сениорски шампионки и освојувачи на медали на Океанија, репрезентативки на Нов Зеланд и Австралија, кои во моментов се во првите 64 сениорки во кати на ранг листата на Светската карате федерација“, вели нивниот тренер и татко Златко Димоски.
Мишела и Маријана на официјални натпревари на ВКФ досега имаат освоени сестрински финалиња на Светскиот куп Крф 2013, Балканско првенство во Атина 2010 – Мишела злато, а Маријана сребро; Балканско првенство во Дубровник 2015 во јуниорска конкуренција, Маријана злато и Мишела сребро; Балканско превнство У – 21 во Херцег Нови 2017 – Мишела злато и Маријана сребро; Австралија опен сениорки – Маријана злато и Мишела бронза; Австралија опен У-21 2017 – Мишела злато и Маријана сребро; на сите Балкански првенства од 2010 до 2017 и двете секогаш освојуваат медали во поединечна категорија, во годините кога не биле во финале 2011 во Кипар, Мишела е втора, а Маријана трета; 2012 Х.Нови Маријана прва Мишела трета, 2013 Крагуевац Мишела втора Маријана трета; 2014 Софија – Мишела втора, Маријана трета; како и осум титули Балкански шампиони во екипна конкуренција, две во сениорка а останатите во јуниорки и кадети. На Светските Купови двете заедно имаат освоено 8 медали и три 5-ти места.
„Со медалите во ката тим сребро на Светско првенство 2015 и двете бронзи на Европските во 2014 и 2016 г., 5-то на Светско 2013, три петти места на Европско јуниорско и сениорско, како и 5-те медали од Карате 1 Премиер лигите близначките се едни од најтрофејните спортисти во сите спортови на Македонија со резултати од официјални првенства на ВКФ, а титулата најдобри промотори на Македонија добиена во 2010 година повеќекратно ја оправдаа и потврдија“, истакнува Димоски.
Ipon.mk/В.Д.