Марија Спирковска стигна до четвртфиналето на ЕП, се надева на репасаж

Марија Спирковска во дебитантскиот настап Европското првенство во борење за У-20 во Рим, Италија, забележа победа против Каролина Муелерова од Чешка со 6-4.

Во наредната борба во четвртфиналето загуби од Наталија Валчак од Полска 0-5, односно со туш.

Нашата репрезентативка може да се надева на репасаж, ако Валчак се пласира во финалето.

Во нашиот табор владее оптимизам пред утрешниот настап.

Резултати
50 кг
Марија Спирковска – Каролина Муелерова (Чешка) 6-4
Марија Спирковска – Наталија Валчак (Полска) 0-5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON