Марија Петровска и Бесарт Мемети денес ја продолжиja низата на медали за Македонија на Балканското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бар, Црна Гора, освојувајќи ги златниот и сребрениот медал, па така на контото на македонската репрезентација има 9 медали – 5 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.
Марија Петровска стана балкански првак до 55 килограми во У-21, а Бесарт Мемети е сребрен медалист.
Петровска во финалето славеше против Нејра Шиповиќ од Босна и Херцеговина со 8-0.
Мемети има за што да жали, бидејќи имаше убедливи победи, а во финалето загуби 3-4 од репрезентативецот на Босна и Херцеговина Фарук Кадриќ.
Петто место: Нуредин Дервиши – кати кадети, Адријан Зекири – борби јуниори -55 кг, Марко Бунтески – кати У-21,
Вчера нашите каратисти освоија 7 медали – 4 златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Драгана Ефтимовска, Сара Дука, Андреј Ангеловски и Љупче Михајлов освоија златни медали, Андреј Басаров сребрен, Бојан Костов и Катја Апостоловска бронзи.
За Македонија настапуваат 106 каратисти со 118 натпреварувачки влезови.
На Балакнското првенство учествуваат 944 каратисти од 10 држави со 1011 натпреварувачки влезови.
Резултати Балканско првенство:
Јуниори
-55 кг
Бесарт Мемети – сребрен
Бесарт Мемети – Артор Марај (Косово) 5-0
Бесарт Мемети – Родољуб Срљак (Црна Гора) 7-0
Бесарт Мемети – Никола Тпопличанец (Хрватска) 4-0
Бесарт Мемети – Адријан Зекири (Македонија) 3-3
Финале
Бесарт Мемети – Фарук Кадриќ (БиХ) 3-4
У-21
-55 кг
Марија Петровска – златен
Марија Петровска – Мевлија Имшировиќ (БиХ) 5-1
Марија Петровска – Александра Мартиновиќ (Србија) 2-0
Марија Петровска – Лаура Бергант (Словенија) 5-4
Финале
Марија Петровска – Нејра Шиповиќ (Србија) 8-0