Марија Димовска се закити со сребрен медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Турција. Димовска во финалето загуби од Соња Вуксиќ од Србија со 0-3.
И ова е голем успех за младата и надежна кикбоксерка од Битола.
„Одлична борба во финалето,,храбра и содржајна, меѓутоа недоволна за злато. Сепак, задоволни сме од прикажаното, иако секогаш може подобро.
Огромна благодарност до сите Вие кои во навистина во голем број ни дававте поддршка и не бодревте на ова Европско првенство. И тоа како ја осетивме вашата поддршка и ни беше ветар во грб.
Спортски поздрав и нормално….одиме уште појако МАКЕДОНИЈАААА!“, напиша на Фесбук нејзиниот тренер и татко Александар Димовски-Димса.
Утре Силвио Мировски за златниот медал ќе се бори со Гркот Христос Естадијадис..
Резултати ЕП:
+60 кг лоу кик млади јуниори
Марија Димовска –Еданур Аџар (Турција) 3-0
Финале
Марија Димовска – Соња Вуксиќ (Србија) 0-3
-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Урош Крстиќ (Србија) 3-0
Финале
Силвио Мировски – Христотс Естадијадис (Грција)