„Регуларниот“ ВБА првак во тешка категорија Мануел Чар падна на допинг-тест пред првата одбрана на титулата против Фрес Оквендо.
Борбата закажана за следната сабота е откажана откако 33-годишниот Сириец имаше „сомнителен“ допинг-тест.
А – примерокот на Чар земан на 31 август покажал „две сомнителни супстанци“, а со оглед на временскиот рок за отворање и анализа на Б-примерот мечот мораше да се откаже.
„Сан“ објави дека е позитивен за анаболички стероидни епитренболон и дронстанолон.
Тестирањето е спроведено од ВАДА (Доброволната антидопинг агенција) како дел од програмата за случајно тестирање на ВБА федерацијата.
Чар негираше дека земал некое недозволено средство и тврди дека причина за позитивниот тест мора да е некаква контаминација и го поставува прашањето за тоа зошто би му требал допинг за борба со 45-годишниот противник кој четири години не се борел.
„Не можам да го објаснам ова и да се прашувам како можеше да се случи ова“, изјави Чар за Коелнер Експрес.
„Никогаш ништо не сум земал. Се борев со Витали Кличко и Александар Поветкин, имав седум борби за титулата и секогаш бев чист. Зошто би земал нешто за борбата со Фрес Оквендо“?
45-годишниот Порториканец Оквендо не се борел од поразот со едногласна одлука од Руслан Чагаев во 2014-тата. По судски пат се избори за правото да се бори за титулата на ВБА. Оквендо требаше да се бори за „редовната“ титула на ВБА против Шенон Бригс, но и тој падна на допинг-тестот.
Чар ја освои титулата против Александар Устинов кон крајот на 2017 година.